Adel Ömeragiç
17 Јуни 2017•Ажурирај: 18 Јуни 2017
БУДВА (АА) - Традиционалниот Самит на министри за финансии, гувернери и директори на даночни управи на земјите од регионот, под име „Финансиска стабилност на регионот во новото глобално опкружување”, организирано од страна на белградскиот неделник НИН, денеска се одржува во црногорското летувалиште Будва. Министрите за финансии разговараа за побрз економски раст, на што претставникот од Црна Гора порача дека мерките за штедење ќе ги косолидира јавните финансии, додека претставникот на Федерацијата на БиХ соопшти дека во нивната земја се зголемени вработеноста и извозот и дека Федерацијата на БиХ ги следи позитивните финансиски движења, јавува Anadolu Agency (AA).
Дарко Радуновиќ, министер за финансии на Црна Гора истакна дека црногорската влада започнала да ја спроведува непопуларната мерка околу данокот, но дека сега ќе има и дополнителни мерки, од околу 117 милиони евра.Туа спаѓа издигнување на акцизите за цигарите и воведување на акцизи за јаглен, зголемување на акцизи за алкохол, како и зголемување на ДДВ од 19 на 21 отсто.
„На страната на расходи го намаливме фондот на бруто добивка. Намален е коефициентот на добивка во јавниот сектор за еден процентен поен. За групата работи во А, Б и Ц категории, плати на функционерите, примањата ес намалени за 6 отсто. Со санкциските мерки платите беа намалени за 8 отсто, па за 1 и сега за 6 отсто”, рече Радуновиќ.
Тој истакна дека се намалени и издатоците за социјални помош.
„Имавме Закон за мајките со три деца, кој беше вистински монструм во финансиите и кој можеше да ни го урне целиот систем. Зошто го правиме сето ова? За да имаме фискална стабилност. Очекуваме со примена на овие мерки, да бидеме во можност во 2020 година да влеземе во зоната на суфицити од 4,5 БДП, а исто така очекуваме намалување на јавниот долг во 2020 година на 67 отсто”, рече Радуновиќ.
Душан Вујовиќ, министер за финансии на Србија, зборувајќи за состојбата во финансиите, рече дека според стариот план, во неговиот ресор било планирано до крајот на мај оваа година да биде постигнат резултат кој е за 71 милијарда полош од оној што е остварен.
„Имавме помали одбитоци за 27 милијарди и зголемени приходи за 44 милијарди динари и тоа се бројки кои не се поклопија за првите пет месеци. Тоа е резултат подобар за околу 600 милиони евра, така ќе продолжиме и очекуваме резултатот да биде позитивен и на крајот од месец јуни. Како резултат на начинот на планирање, се создава простор кој на крајот од годината го пополнуваме со оправдани одбитоци кои седат и чекаат со години да бидат решени. Тоа создава добра основа за иднината и не не изложува на ризици со кои не можеме да раководиме. Тоа ни овозможува да бидеме добри на домашен терен и во разговорите со меѓународните партнери”, истакна Вујовиќ.
Јелка Миличевиќ, министерката зафинансии на Федрацијата на БиХ, го истакна своето задоволство за одделни движења на полето на финасии во БиХ. Таа рече дека е зголемена вработеноста во земјата, како и број на нови деловните субјекти.
„Кога зборуваме за вработувањето, мораме да направиме предуслови за да создадеме услови за економијата, за поголемо користење на капацитетите и поголем број на вработувања. Не сме премногу задоволни, но задоволни сме од постигнатото. Во Федерацијата моментално, според податоците, зголемена е бројката на деловните субјекти за околу 500. Зголемен е и вкупниот приход на деловните субјекти за околу милијарда. Зголемена е бројката на вработени за периодот од 1. април до 31. мај за 29.285 лица. Ние во Федерацијата никогаш не сме имале бројка над 500.000 вработени, но сега ја имаме. Во првиот квартал никогаш не сме имале поголем извоз, сега го имаме. Се случуваат позитивни движења во околината и бидејќи сме мала економија, се обидуваме следејќи ги тие позитивни движења колку што можеме, да поддржиме одредени активности”, рече Миличевиќ.
Зоран Тегелтија, министерот за финансии на босанскиот ентитет Република Српска, како еден од најголемите проблеми во економијата на овој ентитет ја гледа состојбата во јавните претпријатија.
„Она што за мене претставува клучно прашање и најголем неуспех е состојбата во јавните претпријатија. Тоа се оние реформи во кои не успеавме да ги направиме онака како што очекувавме. Ако секоја недела еден ден ѝ го посветиме на ситуацијата во јавните претпријатија и прашањето во кој правец таа оди и колку обврски ќе мораме да преземеме на крајот, тогаш не можеме да кажеме дека сме ги спровеле тие реформи”, рече Тегелтија.
Тој рече дека објективно постои голем финансиски проблем во здравствениот сектор.
„Нашиот здравствен сектор троши повеќе отколку што му стои на располагање и полн е со различни нерационалности кои ќе мораме да ги решиме во некое идно време”, рече Тегелтија.
Министерот за финасии на Косово, Авдулах Хоти порача дека состојбата во косовските финасии до 2014 година била многу тешка, но од 2014 година досега, состојбата на Косово може да послужи како пример во областа на реформи.