Adel Ömeragiç
07 Мај 2016•Ажурирај: 08 Мај 2016
БУДВА (AA) - Босна и Херцеговина и Македонија би можеле да го следат примерот на Црна Гора кога е во прашање патот во НАТО, а апликацијата на БИХ за НАТО би значела нова фаза на безбедноста во регионот, порачаа декес во Будва претседателите на Црна Гора, Хрватска и Словенија, Филип Вујановиќ, Колинда Грабар-Китаровиќ и Борут Пахор, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Будва денес е во тек вториот ден од Форумот To Be Secure (2BS), на кој се расправа за најголемите предизвици и закани за меѓународната и регионалната безбедност во оваа деценија.
На денес одржаната претседателска дискусија на темата "Заедничка безбедност- заедничка одговорност", каде свое учество имаа претседателите на Црна Гора, Хрватска и Словенија се зборуваше за патот на Црна Гора во НАТО како и за потенцијалното идно членство на БиХ и Македонија.
Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ рече дека ова е период со бројни глобални предизвици но дека е важно Црна Гора што поскоро да стане членка на НАТО.
„И да се покаже дека се почитуваат и прифаќаат реформи во областа на одбраната. Ова е силна иницијатива на БиХ и Македонија за да целиот регион кој има аспирација кон НАТО биде во него. На БиХ и Македонија им посакувам успех и сакам примерот на Црна Гора да биде добар пример за сите", рече Вујановиќ.
Претседателот на Словенија Борут Пахор истакна дека е многу среќен што Црна Гора наскоро ќе добие покана за полноправно члество во НАТО.
Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ истакна дема во НАТО нема мали држави како и дека секој е голем онолку колку што работи.
„Почнете да размислувате сега што е конкретниот црногорски придонес, по што Црна Гора ќе биде претпознатлива и ценета и важна да пружи одговори кога ќќе се расправа на тркалезна маса во НАТО а потоа и во ЕУ", рече хрватската претседателка.