Таг


Anadolu Agency

Датум на основање: 6.арпил.1920



Anadolu Agency, основана е земајќи ја во предвид потребата да и се разјасат на јавноста најпрецизните интерни и екстерни извештаи“


Анадолија и Румелија одбрани Здружени права во име на Представничкиот одбор МУСТАФА КЕМАЛ АТАТУРК



Председател на Управен одбор, Генерален директорSerdar KARAGÖZ
Член на Управен одборDoç. Dr. Yusuf ÖZKIR
Член на Управен одборProf. Dr. Hasan Nuri YAŞAR
Член на Управен одборDoç. Dr. İsmail ÇAĞLAR
Член на Управен одбор Büşra KARADUMAN AKTUNA 
Заменик на Генералниот директор Oğuz Enis PERU
Заменик  на Генералниот Директор и Главен и Одговорен УредникYusuf ÖZHAN
Уредник на вестите на  “Нови медиуми“ Mustafa Fuat ER
АдресаGMK Bulvarı No:132 Çankaya ANKARA
E-маилyenimedya@aa.com.tr
Teлефон+90 312 999 20 00 (pbx)
Факс+90 312 231 21 74

СЕРДАР КАРАЃОЗ

(Кратка биографија)

 

 

Сердар Караѓоз е роден на 25 мај во 1981 година во Сакарја. Своето основно и средно образование го заврши во Истанбул, додека додипломските студии ги заврши во Одделот за политички науки при Универзитетот „Билги“ во Истанбул. На истиот Универзитет магистрираше во областа на правото, на депарманот Човекови права. 

Караѓоз во 2008 година се приклучи на Медиумска група „Туркуаз“ (Turkuaz Medya Grubu) како управител, каде извесно време работеше во сите департмани на оваа компанија. Во 2010 година се запиша на магистерски студии во областа на медиумите во Универзитетот „New School“ во Соединетите Американски Држави (САД), додека по овие студии, почна да работи во Одделот за синдикати при „New York Times“. Во период од 2012 до 2014 година, Караѓоз работеше како дипломатски дописник на телевизијата „А Хабер“ за Обединетите нации (ОН). Тој од една страна пишуваше неделни статии во врска со актуелните настани во САД за весникот „Сабах“, а од друга страна ја основаше интернет страницата „usabah.com“ во врска со актуелните настани во САД. 

По враќањето во Турција, Караѓоз работеше како директор задолжен за вести за странство при весникот „Сабах“, додека во овој период почна со подготовките за основање на весникот „Daily Sabah“ и во февруари во 2014 година стана основач и главен и одговорен уредник на весникот „Daily Sabah“. Сердар Караѓоз во октомври во 2018 година беше назначен во ТРТ како главен и одговорен уредник на меѓународните новински канали на ТРТ. Во овој период, Караѓоз во јазиците на објавување ги вклучи и арапскиот, германскиот, рускиот јазик, како и балканските јазици, со што даде важен придонес во успехот на ТРТ на меѓународната медиумска сцена. Караѓоз од 7 април во 2021 година ја продолжува својата кариера како претседател на Управниот одбор и генерален директор на Агенција Анадолија (АА), која е глобална новинска агенција на Турција.