Принципи на објавување

Уредничките насоки на Anadolu Agency во воени ситуацији, конфликти, тероризам и временски непприлики:

Anadolu Agency

 1. Одговорно известување од подрачјата каде што се војува, каде има конфликти, тероризам и временски неприлики но и давање на значење на универзалните вредности како и националната безбедност, јавниот ред и мир.
 2. Новинаритена AA не известуваат на начини кои би довеле до дискриминација, насилство, терор или било каква друга расна или етничка нетрпеливост.

 3. Избегнување на известување и објавување на вести кои би можеле да доведат до создавање на омраза помеѓу луѓето,   хаос, непријателства, страв и паника.
 4. Објавените материјали не треба да содржат кадрови кои поттикнуваат на насилство, сеат страв, можат да предизвикаат трауми, задираат во вредностите на зачувување на еднаквоста, ја вреѓаат човечката чест и потикнуваат дискриминација.

 5. Објавените материјали остануваат во рамките на објективното известување во воените подрачја и конфликти  користејќи официјални извори. 

 6. Имиња на смртно страдани лица во терористички напади, несреќи или временски неприлики не смеат да бидат објавени пред да бидат известени членовите на семејствата.
 7. Да не се објавуваат материјали кои би нанеле болка на семејствата, на личности кои се наоѓаат во подрачјата погодени од војни, конфликти или временски неприлики.

 8. Објавениот материјал мора да ја штити приватноста на личноста доколку се работи за страдани во војни и временски неприлики.
 9. Да не се прикажуваат фотографии на погубување, извршени смртни казни и фотографии и снимки кои прикажуваат човечко страдање, мачење, секогаш кога тоа е можно.

 10. Да не се прикажуваат делови од човечки тела снимени после несреќа, снимки кои нарушуваат човечка чест. Посебно доколку се работи во крупен план, од типот кадрови на масакрот.


 11. Агенцијата не емитува вести чии содржини  на директен или пореден начин пропагираат злосторство или терористички активности и организации. 

 12. Агенцијата не емитува содржини кои на било кој начин можат да пропагираат тероризам или терористички организации.