Adel Ömeragiç
02 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
ПОДГОРИЦА (АА) – Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО донесоа одлука да упатат покана до Црна Гора за полноправно членство во НАТО, јавува Anadolu Аgency (АА).
На Министерскиот совет на земјите членки на НАТО, кој вчера започна во Брисел, шефовите на дипломатиите на 28 земји донесоа одлука да ѝ упатат покана на Црна Гора да биде 29-тата членка на НАТО.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на конференцијата за новинарита во седиштето на НАТО во Брисел, рече дека денешниот ден е „многу добар ден за Црна Гора, Западен Балкан и Алијансата“.
„И честитаме на Владата и граѓаните на Црна Гора за ова постигнување. Ова е многу добар ден за Црна Гора, Западен Балкан и за Алијансата. Црна Гора чекори по единствен пат да воспостави владеење на правото. Со Црна Гора соработуваме од 2009 година преку Акциониот план за членство“, рече Столтенберг.
Тој истакна дека политиката на НАТО за отворени врати има за цел ширење на стабилноста, безбедноста и демократските вредности на кои почива Алијансата.
„Сите стануваме појаки и постабилни со тоа што ја држиме својата врата отворена“, рече Столтенберг.
На Самитот на НАТО, кој минатата година се одржа во Велс, одлучено е со Црна Гора да се отвори интензивен дијалог. Пред Црна Гора, тогаш, се поставени четири реформски обврски кои требаше интензивно да ги спроведе во тек на 2015 година.