25 Октомври 2015•Ажурирај: 28 Октомври 2015
Демократски фронт, опозицијската политичка групација во Црна Гора, утре ќе организира нов протестен собир во Подгорица, поради тоа што Владата на Црна Гора со премиерот Ѓукановиќ, не го прифати нивниот ултиматум од минатата недела за поднесување на оставка, јавува AnadoluAgency (AA).
ДФ на денешната конференција за новинарите, за утре најави мирни демонстрации, повикувајќи да им се приклучат сите граѓани.
Пред скоро месец дена се собравме на ова место со јасни барања за соборување на владата на Мило Ѓујановиќ, воспоставување преодна влада и одење на први слободни и чесни избори во Црна Гора. Тоа нашe барање и нашите протести брутално се згазени од страна на црногорскиот режим во утринска акција која ја реализираше МВР, заедно со комуналната полиција и со маскираните лица за кои се сомневаме дека немаат никаква врска со МВР” , изјави Андрија Мандиќ, функционер на ДФ.