САРАЕВО (АА) - Членството на Словенија и потоа на Хрватска во Европската Унија (ЕУ) за релативно кратко време го зголеми апетитот на другите земји од Западен Балкан кои економскиот развој и стабилноста ја гледат во ЕУ, пишува Anadolu Agency (AA).
Босна и Херцеговина која на 15-ти февруари ќе аплицира за членство во ЕУ, има за цел следната година да го добие статусот „земја-кандидат", додека Црна Гора и Србија кои сè уште ги продолжуваат пристапните преговори од другите земји во регионот се најблиску до членство во Унијата.
Црна Гора и Србија ги следат Албанија и Македонија, кои го имаат статусот „земја-кандидат" но сè уште не ги имаат започнато пристапните преговори, додека Косово, кое во 2015 година го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација и Босна Херцеговина, следат по нив.
- Словенија и Хрватска
Словенија, која од процесот на распаѓање на поранешна Југославија се спаси со најмалку штета, со силната поддршка на Германија, е првата земја во регионот која стана членка на ЕУ. И во времето на поранешна Југославија, Словенија беше земја со највисоко ниво на просперитет во регионот, а истата во 2004 година беше примена во членството, кога при проширувањето на ЕУ се прифатија 10 земји.
По Словенија, втора земја во регионот која стана членка на ЕУ е Хрватска. Хрватска, која во 2003 година аплицираше за членство во ЕУ а во 2004 година го доби статусот „земја-кандидат", завршувајќи ги пристапните преговори кои во 2005 година кои ги започна заедно со Турција, на 1-ви јули 2013 година стана 28-ма членка на ЕУ.
- Црна Гора и Србија
По членството на Хрватска, колку и да се вели дека долго време ЕУ нема да се прошири, очигледно е дека во првото можно проширување на Унијата, Црна Гора е меѓу првите земји која ќе биде примена во ЕУ.
Црна Гора, која со референдумот во 2006 година се одвои од Србија, која се нарекуваше „Стара Југославија", во 2008 година аплицираше за членство во ЕУ. Во 2010 година Црна Гора го доби статусот „земја-кандидат" а во 2012 година ги започна пристапните преговори, во кои вкупно 35-те поглавја, отвори 22 поглавја а две затвори.
Црна Гора со поглавјата отворени во процесот за членство во ЕУ и со поканата добиена за членство во НАТО минатиот декември, во процесот на Евро-атланстка интеграција е со статус на најбрза земја во регионот. Исто така оваа земја, во споредба со другите земји од регионот, релативно лесно ги решава етничките проблеми и со оваа карактеристика има важна предност во новиот бран на проширување да стане првата земја која ЕУ ќе ја прифати.Друга земја од Западен Балкан која ги продолжува пристапните преговори со ЕУ е Србија. Во 2009 година аплицираше за членство во ЕУ а во 2012 година го доби статусот „земја-кандидат".
Во процесот на пристапување на Србија во ЕУ, преговорите помеѓу Белград и Приштина водени во посредство на ЕУ играат клучна улога. Србија, која во 2014 година ги започна пристапните преговори, минатиот декември ги отвори првите две поглавја.
Се очекува Косово да биде најважното прашање кое ќе ја приближи Србија во процесот на преговорите, додека останува нејасно дали Србија ќе го признае Косово, кое пак ЕУ го наметна како услов за членство на Србија.
Од друга страна, Србија е најважниот сојузник на Русија во регионот и со љубопитност се очекува каков став ќе заземе Русија кога станува збор за членството на Србија во НАТО.
- Албанија и Македонија
Две земји од Западен Балкан кои го добија статусот „земја-кандидат" но сè уште не започнаа со пристапните преговори се Албанија и Македонија.
Македонија во 2004 година аплицираше за членство a во 2005 година го доби статусот „земја-кандидат". Патoт на Македонија кон ЕУ, за која во 2009 година Европскиот парламент препорача дека „може да започне со преговорите”, но поради проблемот со Грција во врска со името скоро седум години е во статична состојба.
Најголемиот проблем на Македонија за членство во ЕУ е „прашањето за името" со Грција. Поради истоимената област „Македонија" која се наоѓа во северниот дел на Грција, таа бара да се промени уставното име на земјата „Република Македонија", во спротивно нема да се двоуми да го искористи правото на вето. Овој проблем продолжува да биде пречка за Македонија во процесот за членство во ЕУ, но и за членство во НАТО.
Албанија во 2009 година аплицираше за членство и во 2014 година го доби статусот „земја-кандидат". Најважното случување во добивањето на кандидатскиот статус на Албанија беше тоа што општите избори кои се одржаа во 2013 година, од страна на меѓународната заедница се оценија како „успешни”.
Иако го доби статусот „земја-кандидат" и сè уште не успеа да започне со пристапните преговори, Албанија продолжува да го применува пакетот реформи од Договорот за стабилизација и асоцијација, кој се состои од 12 точки.
- Последните „алки од синџирот ”, Босна и Херцеговина и Косово
Босна и Херцеговина која се подготвува на 15-ти февруари да аплицира за членство во ЕУ е една од потенцијалните земји-кандидати.
Пред апликацијата за членство на Бих, Европската Унија (ЕУ) т.н пресуда „Сејдиќ Финци" привремено ја тргна настрана, а од Бсона и Херцеговина побара да воспостави ефикасен механизам за координација во спроведување на односите со ЕУ и Договорот за стабилизација и асоцијација, по членството на соседна Хрватска, да се регулира одново.
Механизмот за координација се воспостави со одлуката на Советот на министри, додека регулирањето на Договорот за стабилизација и асоцијација не се прифати позитивно од страна на Босна и Херцеговина, бидејќи предвидува целосно отстранување на царинските давачки за увоз.
Косово, кое исто како Босна и Херцеговина е потенцијална земја-кандидат, во 2008 година прогласувајќи независност, се одвои од Србија а потоа беше признаено од страна на многу земји од ЕУ.
Процесот за членство во ЕУ на Косово, кое во 2015 година го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација, во голема мера зависи од дијалогот помеѓу Белград и Приштина. Прекинување на процесот на дијалог кој продолжува со посредство на ЕУ, може да резултира со прекин на процесот за членство на Србија и Косово во ЕУ.
news_share_descriptionsubscription_contact
