Mehmet Yılmaz
22 Ноември 2015•Ажурирај: 23 Ноември 2015
БУДИМПЕШТА (АА) – Унгарија ќе ѝ даде различни материјали на Македонија потребни за подигнување на трослојна жичана ограда за контрола на влез на бегалците на неколку километри вдолж граничната линија со Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во владината уредба објавена во службен весник на Унгарија се наведува дека оваа земја поради бегалската криза во Европа и земјите од Западен Балкан на Македонија бесплатно ќе ѝ даде бодликава жица, багер, ракавици, уред за отпечатоци од прсти, компјутер и дигитални фотоапарати.
Изминативе денови, македонскиот премиер, Никола Груевски беше во официјална посета на Унгарија каде беше примен од премиерот, Виктор Орбан.
Истакнаа дека е потребно земјите членки на Европската унија (ЕУ) и кандидатите да ги чуваат своите граници. Речено е дека Унгарија ќе ѝ пружи техничка, финансиска и секој друг вид поддршка на Македонија кога станува збор за прашањето на човечките ресурси со цел да ѝ помогне во заштитата на своите граници.