Dzihat Aliju
19 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
ГОСТИВАР (АА) - Во рамките на прославите на најважниот ден на Труците кои живеат во Македонија, „21-ви декември - Денот на образование на турски јазик " , во Гостивар, Амабасадата на Република Турција во Македонија, Сојузот на турските невладини организации во Македонија "Матуситеб" и Турскиот културен центар "Јунус Емре"од Скопје, се организираше панел дискусија на тема „Турскиот јазик и турската литература на Балканот”, јавува Anadolu Agency (AA).
Амбасадорот на Република Турција во Скопје, Омур Шолендил во својот говор рече дека јазикот е најважниот фактор во опстанокот на културата и во одржувањето на комуникацијата помеѓу луѓето. Амбасадорот Шолендил во своето обраќање кон младите рече дека она што го посакуваат од младите е да да бидат вредни наставници кои работат тука со години, со големо трпение, напорно, тежнејќи кон успешни достигнувања.
Претседателот на Сојузот на Турските невладини организации во Македонија "Матуситеб" од Скопје, Тахсин Ибрахим, во својот говор во отварањето на панелот, потсетувајќи дека датумот 21 декември е национален празник на Турците во Македонија и дека оваа година се слави по деветти пат, кажа дека со поинаков концепт оваа година прзникот им го псветиле на „скапоценетите наставници кои го носат товоарот на образованието и на кои професијата им е света и носи големи предизвици".
Директорот на Турскиот културен центар Јунус Емре, Мехмет Самсакчи, изрази задоволство од тоа што учествува во активностите по поводод прославувањето на 21 декември - Ден на образованието на турски јазик.
„Институтот "Јунус Емре" е основан во светот да го воведе и објасни турскиот јазик, турската литература, турската историја и турската уметност", истакна Самсакчи.
Водителот на дискусијата, Селчук Ујсал пред присутните на овој настан презентирајќи ги темите за кои ќе се дискутира и претставувајќи ги говорниците кои ќе зборуваат,потсети дека турскиот јазик е многу стар и има долга историја во многу широка географска распространетост.
На панелот се дискутираше за темите „Потрагата по турскиот јазик во Балканот","Развојот на модерната турска поезија во македонско-турска литература", "Косовско-турската книжевност"и "Развојот на македонско-турската книжевна проза".
Во рамките на „21 Декември- Ден на образованието на турски јазик”, утре во Скопје ќе се одржи поетско читање каде што поетите од Турција, Македонија, Косово, Бугарија и Грција ќе ги читаат своите поезии.
Исто така, вчера, општина Чаир и невладината организација за култура, уметност и образование „Ќопру“ од Скопје во рамките на „21 Декември ден на образование на турски јазик”, врачи плакети на 25 пензионирани наставници, во знак на благодарност за нивниот придонес во турското образование.