Besar Ademi
19 Декември 2015•Ажурирај: 20 Декември 2015
ОХРИД (АА) - Бесар Адеми
Хартијата, која е од суштинско значење во животот на човекот, без која не може да се замисли секојдневието, а која се користи како основен материјал и во графиката, главно се состои од влакна од растително потекло. Во античките времиња, во средниот век секој лист од овој материјал се изработувал рачно, додека денес се изработува на разни современи машини кои ги има во изобилство.
Оваа постапка на средновековно производство на хартија од Кина е донесена во Европа во 12 век , за прв пат во шпанската Барселона, а од таму преку Венеција и Дубровник стаса во Охрид. Традицијата на производство на хартија во балканскиот бисер, Охрид, датира уште од 16 век, каде се произведувала во манастирот "Свети Наум", но за потребите на манастирот и производството било во ограничени количини.
Денес националната работилница "Свети Наум Охридски" на уникатен и специфичен начин претставува продолжение на стариот средновековен начин на производство на хартија, кое потекнува од Кина уште од вториот век пред нашата ера.
Паневски Нино, син на сопственикот на работилницата, во разговор за Anadolu Agency (АА) го објаснува овој стар начин на производство на хартија. Паневски користи сито со дрвена рамка и жичена мрежа, како и некоја дренажа и сушење опрема, а во прилог на содржината на дрво влакна во производство на хартија се користи на памук.
“Се изработува на истиот принцип како што Кинезите за прв пат почнале да ја произведуваат, два века пред нашата ера. Добиле инспирација од осјето гнездо, како што осатта ги спојува влакненцата во во своето гнездо тие добиле идеја да ја сечат срцевината на дрвото под одреден агол” , со овие зборови почнува да ја објаснува старата, древна постапка на производство на хартија охриѓанецот Паневски, кој занаетот го наследил од својот татко.
“Во моментот во ова корито имаме 60% смрека и 40% памук, за декорации може да се додаде кафе, чај, влакненца од пченка и се потопува ситото”, вели Паневски продолжувајќи да ја објаснува оваа со векови стара постапка на производство на хартија.
“Откако ќе се нанесе хартијата на изготвеното платно, се добива готовиот производ- еден лист хартијата” , вели овој млад охриѓанец, додека токму овој процес го спроведува во својата работилница.
Понатаму, објаснува тој “листот се носи на преса да се исцеди околу половина час, после што се носи надвор да се ицеди бидејќи има над 60 проценти вода, а потоа се носи надвор и се суши ден-два” .
Отако ќе се заврши оваа постапка, вели Пановски, листот не е рамен, поради што се носи на преса па се израмнува и пелга, а после десет часа листот е спремен да се печати и може да се прават кеси и останатите производи. печатиме сите мотиви се
Гутенберговата преса во работилницата на охриѓанецот Пановски има голема историска важност, бидејќи во светот постојат само три, од кои едната е токму во неговата работилница, каде што со овој начин на производство им противречи на сите современи начини на производство и печатење на хартија за што Пановски зборува со гордост.
“Оригиналната е во Мајнц во Германија, една е во Блед во Словенија и оваа овде. Гутенберг во 15 век користел оловни букви, ги сложувал, од десно на лево потоа се нанесува листот внатре, добиваме еден отпечаток од 15 век, од Гутенберг, страница од Библијата” , истакнува
Национална работилница "Свети Наум Охридски", во која има многу уметнички елементи се наоѓа во стариот дел на градот Охрид. Оваа работилница во која и ден денес живее средновековната традиција на производство на хартија, претставува своевидна атракција за туристите во посета на градот Охрид.
Денес хартијата се произведува на сите континенти на светот. Најголеми производители на хартија се САД, Кина, Јапонија и Канада, кои сочинуваат повеќе од половина од светското производство на хартија, кој изнесува 400 милиони тони годишно.
Според истражувачите, светот ја надмина бројката на 54 килограми хартија годишно по глава на жител.