Nazmi Abduramani
27 Јануари 2016•Ажурирај: 28 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Претставниците на автошколите во Македонија денес повторно излегоа пред владата во знак на протести против новиот закон за автошколите, кој предвидува поставување на камери во автомобилите во кои се обучуваат возачите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според нив, од почетокот на протестите ништо не е променето и ситуацијата е алармантна за целата професија. Тие велат дека овој закон влијае на сите авто-школи, дури и оние кои се обиделе да го применуваат законот се борат во секој сегмент.
"Веќе еден месец помина, а ниту една автошкола не може да функционира правилно. Вработените се тука и кандидатите веќе се поробени, никој не може да изврши обука , ниту оние кои се запишаа во автошколи не можат да започнат обука ", рече Јонче Aпостолоски претседател на Националната асоцијација на Авто-школи.
Тој понатаму додава дека има предлози за радикализација на протестите ако повторно се најде на глуви уши, штом во прашање е сопственото постоење.
"Што ќе се превземе ако се заглавиме на пат може да се претпостави. Тоа може да доведе до блокада на влезовите во градот и меѓународните линии.Јас не сум во состојба да гарантирам, станува збор за постоење и опстојување на една цела професија ", рече тој.
Инаку, претставниците на автошколите се противат на членот 284 од новиот Закон за безбедност во сообраќајот. Според овој закон, автошколите во своите автомобили треба да инсталираат камери во текот на обука на кандидатите, а ова според инструкторите е спротивно на секаков европски стандард.