Besar Ademi
01 Декември 2015•Ажурирај: 02 Декември 2015
ГЕВГЕЛИЈА (АА) - Утрово на македонско-грчкиот граничен премин економските мигранти, кои веќе две недели се заглавени помеѓу македонско-грчката гранична линија, денеска продолжија да протестираат, барајќи да им биде дозволено да ја поминат македонската граница ,јавува Аnadolu Аgency (AA).
Толпата на економските мигранти кои протестираат се состои од стотина луѓе, меѓу кои има и деца,, од Бангладеш, Пакистан и Мароко, кои извикувајќи "Отворете ги границите ", "Не се враќаме”, "Правда за сите" , бараат дозвола да го продолжат нивното патување.
Тие во рацете држат пароли, на кои пишува: "Не сме терористи", "Сакаме мир", " Не сме згрешиле ништо ".
Во меѓувреме, по поставувањето на жичената ограда, која го блокираше меѓународниот железнички сообрајќај од Грција, преку Македонија кон Западна Европа, македонската армија прави напори да изгради премин на пругата, со цел железничкиот сообраќај во кој во овој правец, да се одвива непречено.
Од друга страна, бегалците од Сирија, Авганистан и Ирак ја поминуваат македонската јужна граница вообичаено и без проблеми.
Веднаш, по процедурите на регистрација, тие го продолжуваат своето патување кон македонската северна граница. Во моментов, прифатниот центар за бегалци во Гевгелија е празен.