Amina Zorniç
21 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Граѓаните на Њујорк се собраа вчера на Петтата авенија, кој важи за најпозната улица во Менхетен каде што протестираа против претседателскиот кандидат на републиканците Доналд Трамп, јавува Anadoly Agency (АА).
Коментарите на Трамп за тоа како на сите муслимани треба да им биде забранет влез во САД, предизвика бура во јавноста. Во Велика Британија повеќе од половина милион луѓе потпишаа петиција во која бараат забрана за влез на Трамп во нивната земја.
Своето незадоволство за коментарите на Трамп го изразија и граѓаните на Њујорк, носејќи транспаренти на кои пишуваше "Осудете го Трамп, а не невините муслимани", "Кажи не на расизмот", " Вол Стрит е наш непријател, а не исламот", " Муслиманите се против ДАЕШ, а муслиманите не се терористи"...
На чело на колоната, која беше обезбедувана од голем број на припадници на полицијата, се најде белоглав орел кој е симбол на Америка и слободата.