Servet Günerigök
26 декември 2015•Ажурирај: 27 декември 2015
ГАЗА (АА) - Еден Палестинец е убиен, а 28 други, вклучувајќи го и членот на персоналот на Anadolu Agency , се повредени синоќа за време на судирите меѓу израелските војници и демонстранти во Газа, соопшти еден локален извор, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелските војници употребиле гумени и вистински куршуми и солзавец против стотици Палестинци собрани да протестираат.
22 годишниот Хади Рафик Вахдан починал како резултат на добивањето прострелна рана во главата. Член на персоналот на АА, Фати Ал-Катати е меѓу повредените. Тој е погоден со куршум во колено, по што е однесен во болница.
Според Министерството за здравство на Палестина, од почетокот на октомври, 125 лица загинаа, меѓу кои 25 се деца, а 5.090 се повредени за време на израелските напади во Газа и на Западниот Брег.