Kubilay Çelik
22 Декември 2015•Ажурирај: 23 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Претседателот на владеачката Партија на правдата и развојот (AK Parti) и премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, денес во Анкара изјави дека неговата земја секогаш ќе биде против оние кои бомбардираат недолжни цивили во Сирија, било да станува збор за Русија или за некој друг, јавува Anadolu Agency (AA).
"Кој и да го бомбардира сирискиот народ, било да станува збор за Русија или за некој друг, ние сме и ќе бидеме против него", рече турскиот премиер.
Во врска со односите на Турција и Израел и критиките упатени за разговорите на претставниците од двете земји, по прекинувањето на комуникацијата на двете земји поради израелскиот напад на хуманитарната флотила и бродот "Мави Мармара", Давутоглу рече дека Турција и во разговорите со Израел никогаш не ја заборава Палестина, Газа и палестинскиот народ.
"Кој и да рече дека Турција ја заборава Газа, ја запоставува поддршката на Палестина и се зближува со Израел, тој шири невистини за нас. Оставете ги преговорите, ние не ја забораваме Газа, Палестина, Ерусалим ниту во сон. Ал-Акса секогаш ни е пред очи", рече Давутоглу.