Serdar Dincel
09 Март 2026•Ажурирај: 10 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Еден Израелец е убиен, а двајца се повредени во ирански ракетен напад врз Централен Израел, соопштија денес израелски медицински лица, пренесува Анадолу.
Националната служба за брза помош МДА соопшти дека три лица биле сериозно повредени од шрапнели, а едно од нив им подлегнало на повредите според порталот „Тајмс оф Израел“.
Регионалните тензии ескалираа по 28 февруари кога САД и Израел извршија заеднички напади врз Иран во кој се убиени повеќе од 1.200 луѓе, меѓу кои и врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел и земјите од Заливот, каде што се наоѓаат американски воени бази.