?????
15 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
ГАЗА (АА) – Со повеќе свечености, денеска во Газа е одбележан Денот на независноста на Палестина, јавува Anadolu Agency (АА).
Заменик претседателот на политичката канцеларија на Хамас, Исмаил Хеније, рече:
"Палестина не може да биде ослободена без отпор и интифада."
"Погрешен избор е да се бара помош од меѓународната заедница за создавање на Палестина. На овој начин ние не може да се остварат правата на Палестинците", изјави Исмаил Хеније.
Независноста на Палестина која е признаена од 105 земји,прогласена e на 15 ноември 1988 година.