?????
15 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Откако се исклучени светлата на Ајфелоата кула во Париз, жителите на Дума, во близина на Дамаск, во Сирија, запалија свеќи и се присетија на 129 загинати лица Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
На сличен начин на невините жртви се присетија и жителите на Лос Анџелес кои се собраа пред конзултатот на Франција во овој град. Покрај тоа, одредена група одлучи да се присети на загинатите со песна отпеана на француски јазик.
На жртвите се присетија и граѓаните на Атина, каде се оргнизирани помали демонстрации, кои имаа за цел да осудат секој вид на тероризам.
Група сочинета од Грци и Французи се собра пред Амбасадата на Франција во Атина каде запалија свеќи за сите невино страдани во терористичкиот напад кој го осудија бројни државни претставници.
Исто така, ширум светот, во боите на француското знаме беа осветлени државните институции и споменици.
Меѓу нив се наоѓа и Ангелот на независност во Мексико, портата Брандебург во Берлин, Светскиот трговски центар во Њујорк, споменикот на Исус во Рио, стадионот Вембли во Лондон, Кулала Лумпур- кулата во Малезија, Белата Куќа во Солун, зградата на опера во Сиднеј, зградата на Министерството за надворешни работи на Република Македонија во Скопје, како и други јавни институции.