Fatma Zehra Solmaz
13 Ноември 2026•Ажурирано: 13 Ноември 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул оствари средба со катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, јавува Анадолу.
Ердоган го пречека Ал Тани со официјална церемонија во претседателската канцеларија Долмабахче.
Двајцата лидери ги претставија своите делегации, по што продолжија со тет-а-тет средба и разговори на ниво на делегации.
Средбата се одржа зад затворени врати.