Cem Özdel
30 декември 2015•Ажурирај: 31 декември 2015
ЊУЈОРК (АА) - Асим Ѓунеш e Турчин, кој се занимава со новинарство. Tој го продал својот дом во Истанбул, по што отпатува за Лондон да го научи јазикот, а потоа тргна на патување низ Африка и Јужна Азија, јавува Anadolu Agency (АА).
По овие патувања тој одлучи да ја посети Америка и неодамна пристигна во Њујорк. Ѓунеш го обиколува светот со ранец и камера во рацете. Како што вели за АА, првото патување траело 11 месеци а престојувал во куќи или евтини хотели и панасиони кои ги наоѓал на социјалните мрежи. Тој напомена дека при патувањата ги избира најефтините превозни средства, бидејќи на овој начин ја открива другата страна на најпопуларните туристички дестинации.
"Моите спонзори се моите пријатели. Тие ми подарија торба, камера и резервни батерии. Имав куќа во Истанбул, ја продадов, а со парите од продажбата планирам да го завршам ова патување. Сакам да имам спонзори кои во најмала рака ќе ми помогнат во купување на апаратот", рече Ѓунеш.
Ѓунеш додаде дека неговото патување низ Америка трае околу една година. По Америка преку Мексико планира да ја посети Јужна Америка. Во текот на патувањето на социјалните мрежи објавува фотографии и ги споделува своите доживувања и искуства. Сака непознати земји и сака да ги посетува помалите градови и села.
"Во туристичките места не го гледаме реалниот живот на локалното население. Кога ќе се вратам планирам да направам изложба која ќе се состои од фотографии направени за време на овие патувања", рече Ѓунеш.