İslam Doğru
31 Октомври 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Неколку илјади ултраортодоксни Евреи, познати и како Хареди, во Културниот центар „Мелроуз балрум“ во Њујорк, одржаа голем собир на кој дискутираа за важноста на образованието, јавува Anadolu Agency (AA).
На собирот присуствуваа членови на еврејската заедница од сите возрасни групи, а посебно внимание привлекоа со својата традиционална црна облека.
Меѓу говорниците на собирот беа и угледни рабини (хахами), а посебен акцент ставија на значењето на образованието кон верските вредности во еврејската заедница.
Рабинот Јичкок Деуч, еден од организаторите, за АА изјави дека Евреите секогаш придавале големо значење на образованието и дека така ќе биде и во иднина.
„Ние сме еврејска заедница и секогаш сакаме нашите млади да се образуваат и да ја практикуваат својата религија онака како што нас нè научија нашите предци“, изјави Деуч.
Јозеф Кох, еден од учесниците на собирот, истакна дека ова е многу важен настан за него.
„Сакаме нашите идни генерации да растат во согласност со верските вредности кои нашите предци ги негуваа илјадници години“, изјави Кох.