Bilgin S. Şaşmaz
08 јануари 2016•Ажурирај: 10 јануари 2016
ЊУ ЈОРК (АА) - Владее голем интерес за јахтите со цени од милион долари изложени на саемот "Њујорк Јат Прогресив" (Progressive New York Yat), кој се уште продолжува да се одржува во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
На традиционалниот саем кој се одржува по 111-ти пат во Центарот за саемите Јавитс во Менхетен за посетителите се презентирани над 300 модели од најпопуларните брендови на морските возила во светот.
На саемот, кој го привлече вниманието на семејствата со среден приход со евтини модели на јахти, се истакнува дека има голем интерес и за јахтите кои имаат милионски цени. На овој саем, моделот "Морски зрак 510 Sundancer" (Sea Ray 510 Sundancer) , од која минатата година се продадоа 18 јахти, за време на саемот со цена од 1,3 милиони, и ова година беше најпосетен модел.
Исто така, внимание на овогодинешниот саем привлече и понудата за некои бродови кои се отплатува на рати од 250 долари месечно.
Саемот на кој беа изложени сите видови на морски производи, проследени со презентации, семинари и обуки, ќе биде отворен до 10 јануари. Влезот на саемот чини 16 долари и се очекува да биде посетен од страна на повеќе од 40 илјади луѓе.