Esra Akgün
30 Јануари 2016•Ажурирај: 30 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Сликата на познатиот шпански сликар Пабло Пикасо од 1940 година, пронајдена е во Истанбул откако беше украдена од домот на еден колекционер во Њујрок, јавува Anadolu Agency (AA).
Сликата "Nude Combing her Hair" меѓународните криумчари со на уметнички дела сакаа да ја продадат за осум милиони долари. Меѓутоа, екипите на Одделот за криумчарење, во операцијата која ја изведоа, успеаа да дојдат до сликата и да ја преземат
Уште пред месец дена полицијата претставувајќи се како потенцијален купувач, воспостави контакт со криумчарите кои за сликата барале 8 милиони долари. Преговорите траеле прилично долго по што криумчарите ја спустиле цената на 7 милиони долари.
Откако цената била договорена одлучиле да се најдат и да ги разменат парите и сликата. Меѓутоа, полицијата приведе две осомничени лица и дојде до вредното уметничко дело. Во текот е криминалистичката обработка на приведените лица.
Сликата ја бараше и ФБИ како и многу други полициски и безбедносни агенции.