Amina Zorniç
27 Јануари 2016•Ажурирај: 28 Јануари 2016
ЛИМА (AA) - Малото селот Паран сместено е на околу четири часа возење од перуанската престолнина Лима во планинското место Анде. Многумина од околку 360 жители на ова село се заболени од наследно слепило, јавува Anadolu Agency (AA).
Селаните никогаш не добиле медицинска потврда за причината на слепилото од кое се заболени околу 75 жители, од нив највеќе мажи.
Се верува дека станува збор за заболување кое се пренесува генетски од генерација на генерација, кое предизвикува ретинитис на пигментот, феноменот попознат како "поглед низ тунел."
Сеуште никогаш не е пронајден лек за слепилото, кое највеќе се манифестира кај децата во период од седум години, кои во текот на денот гледаат послабо, додека во вечерта не гледаат воопшто.
Паран е тивко место, одалечено од градските метежи. Селаните во најголем дел работат на големите плантажи на овоштарниците од каде ги берат најслатките перуански праски.