Tevfik Durul
24 Јуни 2017•Ажурирај: 25 Јуни 2017
ПЕКИНГ (AA) - Најмалку 141 лице остана заглавени откако дојде до свлечишта во југозападната кинеска покраина Сичуан, јавува Anadolu Agency (AA).
Кинеските функционери јавија дека утрово околу 6 часот дошло до свлечишта во селото Шинмо, кое припаѓа на регионот Маошиен.
За каква катастрофа се работи покажува и фактот дека во клизиштето се затрпани 46 куќи и 141 жител на тоа село.
Кинеските функционери јавија дека утрово околу 6 часот дошло до свлечишта во селото Шинмо, кое му припаѓа на регионот Маошиен.
До свлечиштето дошло откако во локалната река се срушиле карпи, поради што дошло до излевање на реката и блокирана е патната комуникација со должина од 1,6 километри.
Функционерите соопштија дека во свлечиштата дошло до поместување на три милиони метри кубни земјиште, што е еднакво на големината на илјада олимписки базени.
Во потрагата за исчезнатите жители на Шинмо, вклучени се и спасувачки служби со 300 луѓе.