?????
30 Декември 2015•Ажурирај: 30 Декември 2015
ПЕКИНГ (АА) - По најавата дека полициската агенција за борба против корупцијата го стави под истрага директорот на најголемата телекомуникациска компанија во Кина, извршниот директор поднесе оставка од функцијата, јавува Anadolu Agency (АА).
Од компанијата "Кина Телеком" која е една од трите кинески државни телекомуникациски компании, велат дека нивниот шеф е осомничен за сериозен криминал и корупција во текот на неговиот мандат.
Од Компанијата "Кина Телеком", која е една од трите кинески државни компании за комуникациски услуги, соопштија дека нивниот шеф Чанг Хиаобинг дал остаква која стапила на сила веднаш. На негово место, за главен оперативен директор беше назначен Јанг Жи сè додека не се избере нов претседател.