?????
30 Декември 2015•Ажурирај: 02 Јануари 2016
МАДРИД (АА) - Шпанија оствари трета по ред рекордна година во областа на туризмот, потврди Жозе Мануел Сориа, министеро за туризам, јавува Anadolu Agency (АА).
Тој посочи дека во првите 11 месеци од 2015 година, Шпанија била посетена од страна на речиси 64 милиони и 600 илјади туристи, што е 4,8 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.
До крајот на 2015 година, конкретно во месец декември Сориа очекува над три милиони туристи, што би значело дека Шпанија, со вкупно 68 милиони посетители би бил новиот рекордер. Минатата година, која исто така беше рекордна година, Шпанија беше посетена од 64.900.000 туристи. Во 2013 година, Шпанија го имаше тогашниот рекорд од 60.6 милиони туристи.
Во секторот, што претставува околу 11 проценти од шпанската економија, последните неколку години е евидентирано подобрување кое се должи на слабеењето на еврото и на лошата безбедносна ситуација во Египет и Тунис, главните конкуренти на Шпанија во областа на туризмот, на брегот на Средоземното Море.