Şenhan Bolelli
15 Април 2016•Ажурирај: 16 Април 2016
МАДРИД (АА) - Шпанскиот министер за енергетика и туризам, Жозе Мануел Сориа (58) поднесе оставка поради појавата на неговото име во документите од Панама, јавува Anadolu Agency (AA).
Сориа кој во почетокот ја негирал поврзаноста со U.K. Lines, која била формирана како оф-шот фирма од страна на панамската адвокатска канцеларија Мосак Фонсека, изјавил дека името му било „по грешка“ наведено во документите, по излегувањето на виделина на нови документи, бил доведен во незавидна ситуација.
Сориа во писмената изјава во врска со својата оставка, признал дека „згрешил“ и за за докумнетите од Панама вели дека станува збор за комерцијални активности од 1995 година, период пред неговата политичка ангажираност. Иако овие документи и комерцијални активности се стари, тој истакнал дека поднел оставка, бидејќи не сака да ѝ наштети на државата и сопствената партија.
Во своето образложение Сориа вели: „За сите политички активности, потребно да се даде тематско објаснување и личен пример. До колку тоа не е исполнето, мора да се преземе одговорност“.
По општите избори во Шпанија од 20-ти декември не беше формирана влада и со работа продолжи старата влада, се очекува поради сегашната неизвесност на политичка состојба, државата да излезе на предвремени избори во месец јуни.
Во печатот познати како „Документи од Панама“, посочени се многу лица и компании кои формирале оф-шор фирми за затајување данок, перење пари и користење панамски фирми за нарушување на меѓународните санкции.
Во обелоденетите документи, покрај претседатели, и стотина политичари, се најдоа и глобални компании и познати личности. Како последица на овие презентирани документи, оставка поднесе и Премиерот на Исланд, Давид Гунлаугсон.