Ekipa
29 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
МАДРИД (АA) - Според официјалните бројки, економијата на Шпанија оствари раст од 0,8 отсто во првиот квартал од оваа година, што е 11-ти последователен квартален раст, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шпанскиот завод за статистика објави дека во изминатите 12 месеци економијата на земјата доживеа раст од 3,4 отсто.
Шпанија се бори со рецесијата од 2013 година и во моментов е една од земјите во ЕУ со најбрза растечка економија и покрај тоа што стапката на невработеност остана на 21 отсто, што претставува втора највисока стапка на невработеност во ЕУ, после Грција.
Овие податоци се објавени во пресрет на изборите закажани за 26-ти јуни, доколку до 2-ри мај не биде испочитуван последниот рок до кој треба да се основа влада по изборите на 20-ти декември.
Владејачката конзервативна популистичка партија ја постави економијата како свој приоритет во последните четири години.