Vügar Novruzoğlu
13 Март 2016•Ажурирај: 14 Март 2016
МОСКВА/БАКУ/МАДРИД (AA) - Претседателот на Русија Владимир Путин го осуди терористичкиот напад во Анкара во кој, според последните податоци загинаа 34, а повредени се 125 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинската агенција ТАСС, изјави дека претседателот Путин го осуди овој напад и дека заедно со турскиот народ, жали поради овој трагичен напад. Путин, како што рече Песков, изрази сочуство на семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо опоравување.
По повод терористичкиот напад во Анкара, телеграма на сочуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати претседателот на Азербејџан Илхам Алијев.
"Остро го осудуваме тероризмот и сметаме дека на тероризмот треба да му се спротистави на најжесток начин. Во свое лично име и во име народот на Азербејџан Вас, на братскиот турски народ и на семејствата на загинатите изразуваме сочуство, а на ранетите им посакуваме брзо опоравување", се наведува во телеграмата.
Нападот го осуди и Министерството за надворешни работи на Шпанија.
Шпанската Влада порача дека на Турција и пружа поддршка во борбата против тероризмот и дека се солидализира со неа. Во соопштението на министерството е наведено и дека се убедени дека оние кои се одговорни за овој напад ќе сносат последици и дека ќе бидат предадени на правосудството.
Експлозијата во Анкара, чија мета беа цивили, одекна неполн месец дека по бомбашкиот напад во кој во турската престолнина беа убиени 29 лица.