Zehra Aydın
02 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави денеска, за време на посетата на Катар дека целта на Турција не е увеличување на настанот во врска со минатоседмичното соборување на рускиот авион и дека "играта со оган на никого не му користи" , јавува Anadolu Agency (AA).
"Со жалење ги следиме реакциите на Русија на случувањето за кое цел свет прифати дека Турција е во право. Во случај да таквиот став на Русија биде задржан и ние ќе мора да преземеме други мерки", рече Ердоган.
Турскиот претседател рече дека намерата на неговата земја не е увеличување на настанот во врска со соборувањето на рускиот авион кој го повредил турскиот воздушен простор минатата недела.
"Играта со оган на никого не му е од корист. Турција и Русија се големи земји со огромен простор и потенцијали за соработка. Ние не реагиравме емотивно, ниту пак ќе реагираме. Не сакаме понатаму да нанесуваме штета на односите на нашите земји" , рече Ердоган.