Крајбрежните сили на Турција спасиле сириски бегалци чиј чамец го дупнале припадници на грчите крајбрежни сили
- Командата на крајбрежните безбедносни сили на Турција испратиле сигурносен чамец на тоа подрачје со цел да им се помогне на бегалците.
Kadir Karakuş
20 Ноември 2015•Ажурирај: 21 Ноември 2015
АНКАРА
АНКАРА (АА) – Командата на крајбрежната стража на Турција минатите денови спасила 58 сириски бегалци чиј чамец во Егејското Море го дупнале припадниците на грчките крајбрежни сили, јавува Anadolu Agency (АА). Грчкиот центар за спасување и потрага на 12-ти ноември предупредил дека на југозапад од ’ртот Дидим Текагац, недалеку од градот Ајдин, се наоѓа група бегалци на чамец кои бараат помош. Командата на крајбрежната стража на Турција испратила сигурносен чамец на тоа подрачје како би им се пружила помош на бегалците. Им пружиле помош на бегалците чиј гумен чамец претходно со остар метален предмет го дупнал екипажот од бродот на грчката крајбрежна стража, кои набрзо се оддалечиле од тоа подрачје. Кога на местото на инцидентот стигнал брод на турските крајбрежни сили, чамецот со бегалци веќе наголемо почнал да тоне. Со брза реакција на турските крајбрежни сили, спасени се сите 58 бегалци кои потоа се префрлени на сигурно. Командата на крајбрежните сили на Турција во текот на 2014 година во 574 случаи спасила 14.961 лице, додека до 19 ноември во 2.133 случаи спасени се 79.489 лица.
Крајбрежните сили на Турција спасиле сириски бегалци чиј чамец го дупнале припадници на грчите крајбрежни сили