Emrah Güney
21 Ноември 2015•Ажурирај: 21 Ноември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) – Персоналот на авиокомпанијата Turkish Airlines, ослободен по заложничката криза во хотелот Radisson во Мали, се врати во Турција, јави Anadolu Agency (AA).
Во Турција се вратија шест членови на екипажот, а седмиот по сопствена желба одлучил да остане во Мали.
Заложничката криза започната во вчерашните, утрински часови завршена е синоќа.
Како што изјави портпаролот на безбедносните сили, Мадибо Наман Траоре, за државното радио, во киднапирањето учествувале најмалку десет киднапери. Во хотелот беа затворени како заложници 140 гости и 30 вработени на хотелот. Меѓу гостите се наоѓаа и голем број странци и функционери од Мисијата на Обединетите Нации (ОН) за стабилизација на состојбата во Мали (MINUSMA).
Безбедносните сили на Мали соопштија дека во хотелот пронајдени се најмалку 22 безживотни тела и околу 20 ранети.
Покрај седумте членови на екипажот на Turkish Airlines, меѓу заложниците се наоѓаа и членови на екипажот на Air France.
Одговорност за нападот на хотелот презеде групата Ал-Мурабитун, инаку, блиска со терористичката организација Ал-Каеда.