Esma Ben Said
20 ноември 2015•Ажурирај: 21 ноември 2015
Бамако (АА) – Заврши заложничката криза авршување на заложничката криза во хотелот во градот Бамако во Мали, соопшти Министерството за безбедност на Мали, за Anadolu Agency (АА).
Министерството за безбедност на Мали објави дека во хотелот Радисон во Бамако нема повеќе заложници, откако безбедносните сили упаднаа во хотелот.
Сигурни извори од Мали велат дека внатре во хотелот се пронајдени најмалку 18 безживотни тела, а повредени се околу 20.
Одговорноста за нападот на хотелот беше превземен од страна на група на Ал-Мурабитун, терористичката организација блиска на Ал Каеда.
Безбедносните сили на Мали упаднаа во хотелот Радисон во Бамако каде киднаперите од утринава држеа 170 луѓе како заложници.
Според војниците од Мали и локалните медиуми, претходно беа ослободени околу 80 луѓе, додека во хотелот останаа околу 90.
Меѓу претходно ослободените се наоѓаат пет од седумте членови на екипажот на Турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс. Од компанијата Ер Франс изјавија дека во хотелот се наоѓаат 12 нивни вработени лица.
Како што соопштија локалните власти, операцијата за ослободување на заложниците беше организирана со поддршка на членките на Организацијата на Обединетите нации (ОН) за стабилизирање на ситуацијата во Мали (MINUSMA). Во судирот со напаѓачите загинаа пет лица, вклучувајќи и еден полицаец, а беа повредени и неколку луѓе.
Портпарол на безбедносните сили на Модибо, Траоре Наман, изјави дека во киднапирањето учествувале најмалку десет киднапери. Во хотелот беа киднапирани 140 гости и 30 вработени. Меѓу гостите има голем број на странци.