Gülbahar Sayım
05 февруари 2016•Ажурирај: 06 февруари 2016
ТИМБУКТУ (АА) - Локалните власти на Мали соопштија дека вооружена група извела напад врз хотелот "La Palmeraie" во градот Тимбукту, во централниот дел на земјата, во кој престојуваат војници на мировната мисија на ОН, јавува Anadolu Agency (AA).
Не е познато колкумина престојувале во хотелот во кој престојувале и нигериски војници.
Покрај тоа, пред упадот во хотелот, во судир помеѓу десетина напаѓачи со припадниците на мировната мисија, до кој дошло по упад во базата на ОН, според првичните информации, загинало едно а повредени се две лица.
Сведоците тврдат дека утринава, пред нападот, се слушнала експлозија на контролниот пункт на војниците на ОН и дека со активирање на бомба поставена на возило е изведен бомбашки напад. Припадниците на безбедносните сили истакнаа дека во нападот загинале најмалку две лица.
Потсетуваме дека во заложничката криза во хотелот "Радисон" во градот Бамако, главниот град на Мали, која се случи кон крајот на ноември 2015 година, загинаа 18 а ранети беа 20 лица.