Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
22 Ноември 2019•Ажурирај: 23 Ноември 2019
ИДЛИБ
Во руските воздушни напади во Сирија, изведени во границите на Зоната за намалување на тензиите во Идлиб, животот го загубија 5 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од Цивилната заштита на Сирија, синоќа животот го загубиле тројца цивили кои претходно биле ранети од експлозијата на бомба фрлена врз Идлиб од страна на Русија.
Опсерваторијата на воената опозиција информираше дека руски воени авиони утрово извршиле напад врз селото Фатире, при што загинале двајца цивили, а петмина се ранети.
Руските воени авиони извршиле напади и врз местото Кефренбил и селото Серџе.
Од друга страна, силите на режимот на Асад и терористичките групи поддржани од Иран со топови, ракети и минофрлачи ги гранатирале Појасот Бидама и селата Наџије и Маранд.
- Минатиот месец загинаа 75 цивили
Според податоците на Цивилната заштита, во нападите што минатиот месец ги изведоа режимот на Асад, Русија и терористичките групи поддржани од Иран животот го загубија 75 цивили, од кои 13 се деца.
Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година до овој момент, од нападите на режимот и Русија во Деескалациската зона во Идлиб животот го загубија повеќе од 1.300 цивили.
Бројот на мигранти што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно помирни места во близина на границата на Турција за една година ја надмина бројката од 1 милион.