свет

Москва го пофали распоредувањето на севернокорејски војници во Русија

– Рускиот амбасадор во Пјонгјанг истакна дека Русија и Северна Кореја се сеопфатни стратегиски партнери и сојузници

Islam Uddin  | 09.05.2025 - Обновена : 09.05.2025
Москва го пофали распоредувањето на севернокорејски војници во Русија

АНКАРА (АА) - Москва го пофали распоредувањето на севернокорејските трупи во Русија, велејќи дека тие одиграле „многу голема“ улога во операциите во граничниот регион Курск за време на војната во Украина, објавија денес државните медиуми, известува Анадолу.

На настан што се одржа синоќа во Пјонгјанг по повод одбележувањето на 80-годишнината од Денот на победата, рускиот амбасадор во Северна Кореја, Александар Мацегора, изјави дека Русија и Северна Кореја се сеопфатни стратегиски партнери и сојузници, објави Корејската централна новинска агенција.

Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин ги цени „храброста, самопожртвуваниот дух и борбената ефикасност“ на војниците и им се заблагодари на севернокорејскиот народ и на нивниот лидер Ким Џонг-ун.

Минатиот месец Северна Кореја првпат потврди дека пратила војници во Русија во согласност со договорот за меѓусебна одбрана за да ѝ даде поддршка на Москва во војната во Украина.

Пјонгјанг и Москва минатата година потпишаа сеопфатно стратегиско партнерство со кое се обврзуваат на меѓусебна воена поддршка во случај на напад од трета страна.

Во соопштението објавено минатиот месец Москва наведе дека ќе ја разгледа и можноста за обезбедување воена помош за Северна Кореја според условите на договорот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.