Ferdi Türkten
04 декември 2015•Ажурирај: 05 декември 2015
БАКУ (АА) - Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу во денешната изјава за новинарите, во азербејџанската престолнина Баку, го повика рускиот претседател Владимир Путин со разговор и дијалог да ги решат отворените прашања помеѓу двете земји, Anadolu Agency (AA).
"Ги повикувам руските лидери, Путин и сите други руски лидери, отворено да разговараме за сите прашања едни со други, без посредници. Да не зборуваме за неосновани наводи дека Турција купува нафта од ДАЕШ. Тоа се компаии од период од Студената војна и не треба таквите бесмислици да ги користиме едни против други. Ако таков навод постоел и порано, зошто не сте го соопштиле пред 15 дена" рече Давутоглу.
Турскиот премиер упатувајќи и порака на Москва и на рускиот народ, рече дека неговата земја и граѓаните немаат "ни најмала негативна емоција кон рускиот народ" .
"Турците и Русите се народи кои заеднички ја обликувале историјата на Европа и на Азија. Рускиот народ е чесен народ и ние го почитуваме, но сите мора да знаат дека и турскиот народ е чесен и очекува на почитувањето биде возвратено со почитување", рече Давутоглу.