?????
14 ноември 2015•Ажурирај: 15 ноември 2015
АНКАРА (АА) – Турскиот премиер Ахмет Давутоглу, во врска со нападите во Франција напиша дека целта на нападите е човештвото и најостро го осуди овој чин, јавува Аnadolu Agency (AA).
Премиерот Давутоглу, во врска со нападите во Париз, се огласи преку социјалната мрежа Twitter, истакнувајќи: “Целта на овие ниски напади во Париз е човештвото. Ние како Турција најстрого ги осудуваме овие напади. Ние се солидаризираме со Франција, против тероризмот. Изразувам сочуство до семејствата на жртвите и на францускиот народ“ , напиша турскиот премиер Давутоглу.