?????
14 Ноември 2015•Ажурирај: 14 Ноември 2015
АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердога, по нападите во Париз, изјави дека сите земји мораат да делуваат заедно во борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
“Меѓународната заедница мора да биде обединета против тероризмот и да продолжиме и понатаму истрајна борба против тероризмот. Но, сакам да напоменам дека во контекст на борбата против тероризмот се наоѓаме во позиција каде зборовите не значат многу“ , истакна Ердоган.
Тој нагласи дека нападите во центарот на Париз во кои загинаа најмалку 60 лица не може со ништо да се оправдаат. “ Заложничката криза во концертната сала е во спротивност со човечките и моралните вредности“ рече турскиот претседател.
Во име на Турција, народот на таа земја и во лично име, Ердоган на претседателот на Франција, Франсоа Оланд и на францускиот нарот им изрази сочуство. “Турција и во наредниот период, како и до сега, ќе заговара принципиелен став во врска со тероризмот. Она што го чувствуваме кога се случи нападот во Анкара, Суруч, Газиантеп, Дијарбакир, и Сирнак, истото го чувствуваме и кога се работи за нападите во Париз“ , порача Ердоган.
Според наводите на полицијата, во два вооружени напади и во две одвоени екслпозии во билизна на стадионот "Stade de France" бројот на загинати стигна до 100. Полицијата моментално бара граѓаните да ги напуштат улиците каде стотина припадници на безбедносните сили трагаат по напаѓачите.
Бројот на загинати би можел да биде и поголем. Три експлозии исто така се забележани во близина на стадионот "Stade de France" каде се играше пријателскиот натпревар помеѓу Франција и Германија. Од стадионот беше евакуиран и францускиот претседател Франсоа Оланд.
По терористичките напади во Париз, Оланд изјави дека властите на таа земја ги преземаа потребните мерки со цел зачувување на националната безбедност. Во обраќањето за медиумите Оланд изјави дека во целата земја е прогласена вонредна состојба и дега границите се затворени.
“Ги затвораме границите за да ги спречиме нападите. Правиме огромни напори да се расчистат случувањата. Мораме да покажеме солидарност и едниство. Државата мора да делува силно и секој мора да ги извржи своите задачи“ , изјави Оланд.
Нагласи дека целта на напаѓачите е да предизвикаат страв помеѓу граѓаните на Франција. "Терористите сакаат меѓу нас да предизвикаат страв, но со овој страв мораме сите заедно да се соочиме“ , рече Оланд.