Elena Teslova
15 Декември 2015•Ажурирај: 16 Декември 2015
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин одобри закон со кој се предвидува да не се почитуваат и да не се применуваат пресудите на меѓународните судови кои не се во склад со рускиот устав, јавува Anadolu Agency (AA).
Законот предвидува сите пресуди на меѓународните судови, вклучувајќи го и Европскиот суд за човекови права, мораат да се сложуваат со уставните одредби на Русија, а во спротивно нема да бидат почитувани во Москва.
Оваа законска одредба во Русија дојде откако Меѓународниот арбитражен суд во Хаг донесе пресуда за "нерегурилана национализација" на компанијата Јукос, поради што Русија треба да плати 50 милијарди долари оштета на бившите акционери на таа руска нафтена компанија. Со цел наплатата на оштетата блокирани се руските средства во Франција и Белгија.
Покрај тоа и Европскиот суд за човекови права во септември минатата година донесе пресуда со која на Русија и е наложено на поранешните акционери на спомнатата компанија да плати 1,9 милијарди евра поради кршење на нивните права на нафтена заштита и судска постапка.
Компанијата Јукос работеше во период од 1993 до 2007 година. Нејзиниот сопственик Михаил Ходоровски и партнерот Платон Лебедев осудени се на по 10 години и 10 месеци затвор поради обвиненија дека се обиделе акциите на команијата да ги продадат на американските компании Ексон и Чеврон. Поради акумулирани даночни долгови, компанијата Јукос 2004 година на тендер премина во сопственост на "BaykalFinansGroup" , а после тоа во сопственост на државната руска компанија Роснефт.