Fakharur Rehman
15 Декември 2015•Ажурирај: 17 Декември 2015
ИСЛАМАБАД (АА) - Пакистан успешно тестираше лансирање на балистичка ракета која има капацитет на носење на нуклеарни боеви глави, јавува Anadolu Agency (AA).
Пакистанската војска соопшти дека е тестирана балистичката ракета Сахин-1А ја погоди целната мета во Арапското море. Станува збор за проектил до 900 километри
Пакистанскиот претседател Мемнун Хусеин и премиерот Наваз Шериф и честитаа на пакистанската војска за овој успех.
Војската на Пакистан и минатата седмица успешно изведе тестно лансирање ба балистичка ракета Сахин-III која има домет до 2.700 километри. Се работи за проектили земја-земја.