Yusuf Hatip
20 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
ИСЛАМАБАД (АА) - Пакистанското талибанско движење ја обвини терористичката организација ДАЕШ дека чини "варварски злодела" и порача дека нивната идеја за "калифат" е неприфатлива, јавува Anadolu Agency (AA).
Пакистанското талибанско движење во пишано соопштение строго ги осуди злоделата на ДАЕШ.
"Лидерот на ДАЕШ, Ебу Бекр ал-Багдади не е калифа. Калифа е важна функција која обезбедува правда во општеството, а ДАЕШ само убива невини луѓе. Багдади нема власт над целата исламска заедница. Неговиот збор се почитува само во мал круг", порачаа пакистанските талибанци.
Во изминатите неколку недели ДАЕШ прави обиди за проширување на делувањето и во Авганистан. Поради тоа доаѓа и до чести судири со тамошните талибански групи, а особено во регионот Нангархар и Кунар во близина на пакистанската граница.