Servet Günerigök
21 Ноември 2015•Ажурирај: 21 Ноември 2015
АНТАЛИЈА (АА) – Турската полиција уапси тројца осомниченми членови на Даеш во јужната поктраина Анталија, изјави вчера полицијата.
Според полициски извор кој сакаше да остане анонимен, офицерите за анти-тероризам уапсија Белгиец со мароканско потекло и двајца Сиријци под сомнение за поттикнување и помагање на Даеш.
Бегиецот, идентифициран како 26-годишен Ахмет Д. беше уапсен во хотел додека осомничените Ахмет Т.(29) и Мухаммед В. (23) се уапсени во автомобил на автопатот Д-400 кој минува низ јужна Турција.
Тројцата ќе се појават пред судот во Манавгат, гратче, источно од градот Анталија.
Апсењата дојдоа како резултат на париските напади, од минатата недела, кога повеќе милитанти со база во Белгија убија 130 луѓе во центарот на градот.