Fakharur Rehman
13 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку 10 лица загинаа, а 30 се ранети во бомбашки напад, утринава, во маркет во северозападниот дел на Пакистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Пакистански официјални лица соопштија дека бомбашкиот напад се случил рано утринава во голем маркет во градот Парачинар. Инаку, недела, во тој град е традиционален ден за трговија, па маркетот бил полн со муштерии.
На местото на експлозијата стигнале екипи на итната медицинска помош, полицијата и војската. Се стравува дека бројот на настрадани би можел да биде и поголем.
Нападот се случил во пограничниот град Парачинар, кој е главен град на пакистанскиот округ на племенската заедница Курам. Населен е претежно со шиити.