Ekip
13 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
САНТИЈАГО (АА) - Две лица го изгубија животот при пад на хеликоптер во западниот дел на Аргентина, јавува Anadolu Agency (AA).
Хеликоптерот е користен за потребите на снимање на реално шоу на американската музичка телевизиска мрежа MTV, а во несреќата смртно настрадаа пилотот и техничарот.
Министерот за безбедност на аргентинската покраина Мендоза Џани Верниер, рече дека хеликоптерот Bell 206 паднал во езеро, 1.000 километри северозападно од Буенос Аирес.
Спасувачките екипи, како што рече, биле оневожможени во вадењето на телата бидејќи леталото паднало 60 метри под површната на водата. Не е познато кои се причините за падот на хеликоптерот, а во врска со случајот покрената е истрага.
Од MTV соопштија дека хеликоптерот во моментот на падот работел на снимањето на реалното шоу „Предизвик“.
Ова е втора хеликоптерска несреќа со смртен исход во земјата од почетокот на годината, во тек на снимањата на реални емисии. Минатиот март, два хеликоптера кои за една телевизиска куќа ја снимале емисијата „Оставени“ се судрија во северниот дел на Аргентина.
Сите 10 патници и членови на екипажот тогаш загинаа, а меѓу нив беа познати француски спортисти, француската едриличарка Флоренц Артхауд (57), олимписката пливачка Камил Муфат (25) и боксерот Алексис Вастине (28).