Adel Ömeragiç
13 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
ПОДГОРИЦА (АА) - Силните полициски сили се распоредени од раните утрински часови во центарот на Подгорица, каде што денеска ќе се одржи третиот марш на гордоста, годишен собир на ЛГБТ заедницата, јавува Anadolu Agency (АА).
Поголемиот дел од улиците во главниот град на Црна Гора, кои водат кон центарот се затворени за сообраќај од раните утрински часови. На улиците се наоѓаат припадниците за интервенција и специјалната полиција. Учесниците на Парадата на гордоста, како и новинарите во центарот на градот влегуваат во импровизиран влез на хотелот "Никиќ", каде што полицијата прави детална проверка.
Се планира поворката да тргне во 11.30 часот, а според организаторите, мирната прошетка ќе заврши на Плоштадот Републиката. Денешниот марш на гордоста е четврт по ред кој се одржува во Црна Гора.
Првиот беше во Будва на 24 јули, 2013 година во организација на ЛГБТ Форум Прогрес, кога стотици противници ги нападнаа учесниците на настанот, по што имаше околу дваесет повредени и уапсени. Вториот се одржа во Подгорица на 20 октомври истата година, чуван од околу 2.000 полицајци, а на повеќе локации во главниот град беа пријавени инциденти. Третиот марш на гордоста на 2 ноември 2014 година се одржа во Подгорица, под слоганот "Традиционално горд", а заврши без инциденти.