Adel Ömeragiç
08 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Во Подгорица денес отворен е саемот на змии, манифестација чија цел на граѓаните е да ги претстави видовите на змии кои живеат во Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Во организација на Друштвото на екологисти на Црна Гора претставени се 15 врсти на змии.
Голем број на граѓани присуствуваат на оваа манифестација. Посетителите шетаат покрај змиите, сместени во терариуми. Додека некои изгледаат исплашено, други уживаат во погледот на влекачите.
Најдолгата змија на саемот е пругастиот смок, долг околу два метри. Оваа, инаку најголема европска змија, може често да се најде во отворени шуми, како и на камени подрачја.
Тихомир Радоњиќ, координаторот на манифестацијата, во изјава за АА кажа дека целта на Саемот е едукација на населението.
„Во последно време сè почесто се среќаваме со информации дека луѓето убиваат змии, дека змиите се сè повеќе присутни во урбаните средини. Поради таа причина сакаме луѓето да научат кои змии се населуваат на нашите подрачја и да ја научат разликата меѓу змиите отровници и неотровници”, вели Радоњиќ.
Тој додаде дека во Црна Гора можат да се најдат 15 врсти на змии, од кои три се отровници - шарка, шаркан и поскок.
Саемот ќе биде отворен до 12-ти јуни.