Adel Ömeragiç
13 Декември 2015•Ажурирај: 14 Декември 2015
ПОДГОРИЦА (АА) - Со присуство на голем број на полициски службеници, повеќе од стотина учесници на Парадата на гордоста, предпладне тргнаа во прошетка низ улиците на Подгорица, јавува Anadolu Agency (АА).
Собирот на кој присуствуваат претставници на граѓанското општество и на дипломатскиот кор како и претставници од различни нивоа на власта и политичките партии, за сега е многу мирен. Учесниците носат знамиња со виножито и транспаренти на кои пишува "Сакам мајко една жена, никој не ја знае таа тајна", "Хомофобијата во своите четири ѕида", "Слобода насекаде".
На настанот меѓу другите, присуствуваа црногорскиот министер за човекови и малцински права Суад Нумановиќ, градоначалникот на Подгорица, Шефот на Делегацијата на Европската унија во Црна Гора како и претставници на политички партии.
Поворката тргна во 11:30 часот, а мирната прошетка заврши на Плоштадот на Републиката. Денешниот марш на гордоста е четврт по ред кој се одржува во Црна Гора.
Првиот беше во Будва на 24 јули, 2013 година во организација на ЛГБТ Форум Прогрес, кога стотици противници ги нападнаа учесниците на настанот, по што имаше околу дваесет повредени и уапсени. Вториот се одржа во Подгорица на 20 октомври истата година, чуван од околу 2.000 полицајци, а на повеќе локации во главниот град беа пријавени инциденти. Третиот марш на гордоста, на 2 ноември 2014 година, се одржа во Подгорица, под слоганот "Традиционално горд", а заврши без инциденти.