Aamir Latif
13 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
КАРАЧИ (АА) - Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени во силна експлозија која утрово се случи во маркет во северозападниот дел на Пакистан, јавува Anadolu Agency (АА).
Експлозијата се случи во маркет во време кога многу граѓани пазаруваа, а станува збор за град кој е на границата со Авганистан.
Локалните телевизии јавија дека во експлозијата загинале најмалку 15 лица, а дека најмалку 20 се повредени и се наоѓаат во критична состојба. Тие јавија дека експлозивот бил скриен во големо шише за масло пред една продавница во трговскиот центар.
До сега никој не ја презел одговорноста за овој напад, а пакистанските безбедносни служби тврдат дека тоа е уште еден во низата напади кој е изведен во рамките на тридеценискиот секташки конфликт помеѓу сунитите и шиите.